| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонски железници“ помага на погодените од поплавите

tarnsport
Македонски железници-Транспорт со директен ангажман на вработените, како и со опрема и превозни средства, активно се вклучи во процесот на санација на штетите предизвикани од поплавите.

Управниот одбор на Македонски железници- Транспорт донесе одлука за донација на храна, вода и хигиенски препарати, кои денеска беа доставени до загрозените подрачја во околината на Скопје и изрази длабоко сочувство до семејствата и граѓаните зафатени од неодамнешните поплави.

Вработените и опремата, информираат од компанија, и натаму ќе останат на терен заедно со сите луѓе што се вклучени во оваа акција, сè до целосно санирање на штетите во загрозените подрачја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top