Ако некогаш сте се мереле наутро, веднаш откако сте станале од спиење и навечер пред легнување, сигурно сте забележале разлика во тежината.
Тоа е затоа што нашата тежина во тек на еден ден може да варира, дури и до 2,5 килограми.
За овие варијации најзаслужни се телесните функции, како што се внесувањето храна и течности, потењето и одењето во тоалет.
Телесната тежина на жените се состои од 52 до 55 отсто вода, а кај мажите тој процент е 60 отсто.
Токму поради тоа, жените треба дневно да пијат девет чаши вода, а мажите 13, бидејќи мора да се одржува балансот на течноста, која доминира во нашиот организам.
Секојдневните варијации во тежината се нормална појава бидејќи во текот на денот во организмот внесуваме храна и течности, но, исто така, и ги исфрлуваме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.