Словенечкиот претседател Борут Пахор (53) се пофали дека има нова тетоважа – мал делфин и две срца, на неговото десно рамо, објавувајќи фотографија на Инстаграм.
Словенечките медиуми наведуваат дека најпопуларниот политичар во Словенија на профилот покрај фотографијата напишал: „Делфинче, завој за повреденото рамо, претседател на Република Совенија, Пацуг“.
Фотографијата е снимена овие денови, при неговата посета на детската колонија во Пацуг на словенечкиот брег, каде летуваат деца со посебни потреби. Пахор се дружел и шегувал со децата, но и запливал со нив во морето и се сончал на плажата.
Пахор тврди дека тетоважата со делфинот само е „камуфлажа“ на спортска повреда здобиена пред два месеци, кога како голман на фудбалски натпревар, чиј приход биол наменет за добротворни цели, незгодно паднал на десното рамо и добил поголема гребнатинка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст