Инспекторот Кен Верфи, еден од шефовите на обезбедувањето на трагично загинатата британска принцеза Дајана, неодамна објави книга насловена како „Внимателно чувана тајна“ во која се открива на што се била изложена принцезата во бракот со престолонаследникот, принцот Чарлс.
-Принцезата од Велс, искрено верувам, таа вечер 1989-та година дека не замина на роденденско славјево куќата на лејди Анабел Голдсмит во Ричмонд со намера да влезе во конфликт со љубовницита на нејзиниот сопруг, објави Дејли Мејл.
Всушност, верувам дека едноставно сметала дека треба да го поддржи принцот Чарлс. Тоа што се случи таа ноќ беше сосема спонтано, но тоа беше ноќна мора за некој како мене кој е задолжен за нејзино обезбедување.
Дајана никогаш не беше известена за аферата на нејзиниот сопруг со неговата поранешна девојка која ја сметал за негова сродна душа – Камила Паркер Боулс. Немаше потреба ниту да ѝ кажат. Целата послуга во палатата Кесингтон знаеше за тоа и беше невозможно и самата Дајана да не знае за тоа. Речиси сите гости на прославата знаеа за тоа. Тие се собраа на прославата на 40-тиот роденден на помладата сестра на Камила, Анабел Елиот, а на патот кон Ричмонд, самиот принц Чарлс јасно ѝ дал до знаење на Дајана дека не е среќен поради нејзиното присуство.
Седев во тишина на предното седиште од автомобилот и не бев сигурен што можам да очекувам таа вечер. Претходно Дајана ми рече дека нема намера да се поздрави со Камила кога ќе се сретнат, односно нема да ја бакне: „Ќе ѝ подадам рака и ќе видам дали ќе го прифати тоа“.
Соочување со „непријателот“
Во тоа време веќе две години бев во нејзиното полициско обезбедување, а една година порано ги обезбедував нејзините синови. Ми веруваше и не беше необично да ми зборува за нејзините емоции, за нејзините проблеми.
Многу од гостите не го сокрија изненадувањето од нејзиното присуство, а јас набрзо се повлеков во кујната уверен дека се ќе биде во ред и дека моето присуство таму не е потребно. Бев таму околу 90 минути кога слушнав дека принцезата ме повикува. Се појави на вратата со солзи на очите и видно вознемирена, велејќи дека нејзиниот сопруг заминал некаде со љубовница. Беше одлучна во тоа да ги пронајде и да се соочи со нив и сакаше јас да бидам со неа.
-Ќе ми помогнеш ли Кен? Сега навистина ми е доста. Не сакам така да се однесува со мене во јавност. Сакам веднаш да разговарам со неа, рекла Дајана.
Моите полициски овластувања не вклучуваат емоционални советувања, но ја запрашав дали е мудро да направи сцена. Не сакав да бидам вовлечен во брачна кавга, посебно не во таа во која што учествуваат престолонаследникот, неговата жена и љубовницата, и тоа во јавност. Но, Дајана не можев да ја убедам да не го прави тоа, па ме одведе по скалите во подрумот од куќата каде што играа деца. Во еден агол, Камила и Чарлс стоеа задлабочени во некаков разговор.
Како Камила стана „Ротвајлер“
-Те молам, Кен, остани тука, рече Дајана додека Чарлс и Камила со чувство на грижа на совест скокнале на нозе. Се чинеше дека моето присуство ѝ даде сила за да каже многу работи. Но, јас мислев дека не треба да присуствувам на таа интимна расправија, се извинив и се повлеков. Целата ситуација ми се чинеше неверојатна. Зошто Чарлс и Камила мораа да се издвојат од толку луѓе на едно случување на кое што присуствуваше и Дајана?
Тоа беше неверојатна навреда за Дајана, а единственото прифатливо објаснување беше тоа дека принцот Чарлс веруваше дека Дајана нема да забележи дека го нема.
После неколку минути се појави Дајана. Изгледаше гордо, држејќи ја главата високо подигната додека повторно влегуваше на прославата. После неколку минути се појавија Чарлс и Камила кои изгледаа потресено – што и да им кажала Дајана, се чини дека погодила директно во метата. Но, во остатокот од вечерта се движеа одвоено како ништо да не се случило и така глумеа се додека не влегоа во автомобилот и тргнавме назад во палатата Кесингтон.
Принцезата својот маж безброј пати го запраша: Како можеше да ми го направиш тоа?. Јас седев во тишина на предното седиште и само гледав напред.
Дајана не беше емотивно силна. Самата призна дека таа ноќ воопшто не спиела и цела вечер плачела. Ми беше жал, таа беше млада жена и мајка која очајно сакаше нејзиниот маж да ја сака. Принцот Чарлс не беше лош човек, но начинот на кој што се однесуваше кон неа таа вечер беше ужасен. Од таа вечер Дајана ја нарекувала Камила „Ротвајлер“, иако многу ретко ја споменувала. На Дајана веќе ѝ било мака да се бори секој ден: Доаѓа време кога веќе не ти е грижа, ми рече таа.
Уништено пријателство
Од моментот кога во 1986-та бев префрлен во Одделението за заштита на кралското семејство забележав дека има голем проблем во нивниот брак. Чарлс во најдобар случај беше ладен кон својата сопруга, додека таа понекогаш беше хистерична и во најлош случај злобна. Лично, подоцна се каеше за се, но тоа беше единствениот начин да го привлече вниманието.
Принцот не беше подготвен да ѝ попушти на својата сопруга: Како наследник на престолот веруваше дека мора се да биде по негова волја и не му беше грижа дека со тоа ќе ја изнервира својата прекрасна принцеза.
За работите да бидат полоши, за време на летните викенди доаѓаше до израз страста на принцот за поло, а Дајана тоа го сметаше за опасно и досадно. Кога дошла да го гледа Чарлс со своите синови како игра поло, фотографите се фокусирале на неа и ја фотографирале, па Чарлс потоа се жалел дека таа дошла тука само за да позира.
„Прилично гламурозна девојка“, ѝ велеше со презир, а принцезата ќе збеснеше, па Чарлс кој не сакаше многу да се кара, веднаш ќе побегнеше во својата градина: „Оди, зборувај со билките. Барем и јас да ти бев толку важна колку што ти се билките“, викаше Дајана по него.
До разделба дојде после една несреќа на поло во 1990-та. Чарлс падна од коњ и ја скрши раката и Дајана беше со него во болница. Си замина откако Чарлс ѝ кажа дека не сака да биде таа тука. Неколку минути подоцна пристигна Камила. Додека се возевме низ Лондон, Дајана ми призна, тивко и тажно, без било каква хистерија – дека тоа било капката која ја прелило чашата.
Кралското семејство ја толерирало прељубата
Камила тие денови се вселила во куќата во Хајгров, а Чарлс ѝ дозволил да се однесува како да е дома. Тој иако не бил пушач и бил остар противник на пушењето, ѝ дозволил да пуши. Принцот полека се опоравувал. Речиси три месеци подоцна бил примен на операција на раката, а таму го посетила Дајана. Нивната средба траела неколку минути.
Посетата не му значела многу на Чарлс. Откако ја напуштил болницата, Чарлс се повлекол на опоравување на поседот на неговата мајка во Биркхал. За време на неговиот престој таму, за прв пат бил фотографиран заедно со Камила Паркер Боулс. Тука била и кралицата мајка и сето тоа го потврдило верувањето на Дајана дека и кралското семејство ја толерира прељубата на Чарлс.
Поморската војна на Дајана и Чарлс
Во 1992-ра година кога беа пред развод, Дајана и Чарлс беа на одмор на јахта на нивни пријатели на Егејското море. Но, Дајана не беше расположена да глуми за медиумите, а нејзиното однесување го направија крстарењето неподносливо за сите. Неограничените количини на шампањ и кавијар беа слаба утеха.
Кралскиот пар просто ја подели јахтата на две зони околу своите одвоени кабини и не ја посетуваа туѓата територија. Дајана со право веруваше дека Чарлс деновите ги поминува на сателитскиот телефон разговарајќи со Камила.
Атмосферата беше толку напната по што дури и Вилијам и Хари станаа загрижени поради чудното однесување на нивната мајка. Потоа, еден официр задолжен за безбедноста на принцезата ми рече дека Дајана никој не ја видел неколку часа. Таа не била ниту во својата кабина и се плашевме дека скокнала од палубата. Настана паника, а јас му кажав на принцот. Официрот и јас започнавме потрага, а јас се сетив дека пред неколку дена ја видов на чамецот за спасување.
Во еден од нив, ја пронајдов Дајана како плаче. Веднаш почувствував олеснување, но потоа ја сожалував. Му реков на колегата дека ја пронајдов, а потоа и јас се качив на чамецот и тука поминавме два часа разговарајќи.
-Кен, тие не ме разбираат. Тие мислат дека сум луда и ме жалат и сите се вмешани во тоа. Тие знаат дека по цели денови зборува на телефон со ротвајлерот. Па тој е тука со мене само затоа што неговата мајка така му наредила. Тој е мизерен, а ова е пловечки пекол.
Во тој момент беше подготвена да му нареди на капетанот да ја однесе на брегот од каде би заминала на аеродром и би одлетала дома. Ја молев да избегне скандал, но таа инсистираше дека принцезата може да направи што ќе посака. Се обидиов со последниот адут: „А, што е со твоите синови?“
Тука попушти. Потоа, во целата ситуација ја виде смешната страна. Принцезата од Велс и телохранителот, самите во чамецот за спасување.
-Ајде Кен, подобро да се вратиме. Во спротивно мојот маж ќе отвори шампањ надевајќи се дека сум скокнала од палубата и ќе може да се ожени со ротвајлерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст