| четврток, 6 декември 2018 |

Се породи жената што ја вадеа пожарникари од возило, еве каква и е состојбата

Бремената жена која доживеа хорор кога остана приклештена во автомобил по страшна сообраќајка на патот Градско-Прилеп, се породи. Бремената жена поради која пожарникарите мораа да го сечат возилото, вчера на свет донесе бебенце, пренесува Дневник.

Жената се породила со царски рез како итен случај и заедно со бебето е во добра состојба.

Инаку, сообраќајката се случи завчера во 7 часот и 30 минути кога се судрија две возила. Две лица беа повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top