| четврток, 6 декември 2018 |

Сите би сакале да ја работат оваа работа – платата е 1.500 евра, а само да видите за која професија станува збор!

pivo

Просечната плата во пиварската индустрија во Хрвтаска е за 80 отсто повисока во однос на останатите индустрии во земјата.

Минатата година во пиварската индустрија во Хрвтаска работеле 39 претпријатија со 1.661 вработени, а просечната плата во оваа дејност изнесувала 9.000 куни(околу 1.200 евра), што е за 5,4 отсто повеќе во однос на 2014 година и 79,3 отсто повеќе од просечната месечна плата на вработените во другите хрватски претпријатија, која изнесувала 5.019 куни (околу 670 евра), објави Финансиската агенција (Фина).

Вкупниот приход на претпријатијата за производство на пиво остварен во 2015 година изнесувал 2,4 милијарди куни, што е зголемување од 7,7 отсто во однос на претходната година, стои во извештајот на Фина.

Најголем вкупен приход прикажала Загрепската пивара во износ од 993,5 милиони куни, додека Хајнекен Хрватска е на второ место со приход од 682,9 милиони куни.

Просечната нето плата во Загрепската пивара, каде работат 540 лица во 2015 година изнесувала 12.198 куни(околу 1.630 евра), а во Хајнекен 11.225 куни (околу 1.500 евра).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top