| четврток, 6 декември 2018 |

На родителите им велеле си играме, а помагале на поплавените

Лажеле дома дека си играат во училишниот двор, а растоварале помош за погодените од поплавите. МРТ пренесува приказна за хуманост на три деца од Маџари на кои треба да им симнеме капа.

На родителите им кажувале дека одат да играат во училишниот двор, а тие цел ден растовараат хуманитарна помош. Малите и неуморни деца Виктор, Матеј и Марко од утро до вечер им помагаат на своите сограѓани во пунктот на Црвениот крст. Жалат што нивните другарчиња одат голи и боси, а некои ги изгубија своите најблиски и домови. Децата од Маџари веќе втор ден се во мисија. Највозрасниот меѓу нив има 14 години, а најмалиот 10.

-Донирав чевли, храна, паковка вода, и едни мои пижами, за некое дете што е поплавен, вели едно од децата.

-Донесов маички, облека за бебињата, количка, навлаки и мене ми беше жал бидејќи другарчињата мои се поплавени, изгубиле некои работи и дојдов тука да помогнам, растоваравме, објаснува Марко.

-Многу ми падна жал бидејќи многу луѓе ги изгубија куќите. Работиме цел ден, носиме, истовараме, велат малите храбри деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top