Марјана Станојковска, која важи за една од најубавите жени кај нас, вели дека кога изборот на мажи е во прашање нема некои посебни правила, а најважно од се и е партнерот покрај неа да има смисла за хумор и да знае да ја насмее до солзи.
-Кога се мажите во прашање, нема некои посебни правила. Првенствено сакам мажи кои се искрени, коректни и паметни. Многу ми е важно партнерот кој ќе го имам покрај себе да има смисла за хумор- открива Марјана која што од такт најмногу ја вади кукавичлакот.
-Не сакам покрај мене да имам некој кој не може да ја преземе улогата на маж и да се соочи со сите животни ситуации, па јас да морам да бидам похрабра од него. Тоа дефинитивно ми пречи вели водителката која сака мажи кои се занимаваат со спорт и имаат правилни раменици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.