| четврток, 6 декември 2018 |

Агресивен патник нападнал туристички водaч, интервенирале и „aлфите“

Неделата навечер околу 3.00 часот на автопатот Велес-Скопје во с. Ржаничино во автобус „Неоплан“ со српска национална ознака, сопственост на „Аргус турс “- Белград, при движење бил нарушен јавниот ред и мир од страна на М.Б. (21) од Р. Србија.

Тој без повод и причина физички го нападнал  Ѓ.Г. (40) од Р. Србија, водач на туристичка група, при што му нанел видливи повреди во пределот на лицето.

М.Б. со возило на Итна медицинска помош и со асистенција на единицата „Алфа“ бил пренесен и задржан во Ургентен центар „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош, бидејќи бил  агресивен и психички растроен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top