| четврток, 6 декември 2018 |

Поскапува еуросупер 98, другите горива остануваат непроменети

benzin1

За половина денар се зголемува малопродажната цена на еуросупер БС-98. Малопродажните цени на еуросупер БС-95 и на дизелот остануваат непроменети, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 80 денари за еден литар. Според одлуката на РКЕ, се зголемува цената на мазутот и таа ќе изнесува 40,8 денари за еден килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 101,066 долари за барел и е за 0,39 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 47,25 денари за долар и е за 0,18 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,47 отсто или за 4,325 долари за тон, кај дизелот намалување во просек за околу 0,75 отсто или 6,30 долари за тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,57 отсто или за околу 3,263 долари за тон поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top