Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, кои вчера беа упатени да им помогнат на граѓаните на Македонија загрозени од елементарната непогода, веднаш по пристигнување во село Црешево, Скопско, се вклучија во помош на населението, како и на санација на теренот и црпење вода.
Во соопштението од српското МВР, како што јави Танјуг, се наведува дека ресорниот министер Небојша Стефановиќ упатил помош за Македонија во вид на механизација и луѓе за санација на последиците предизвикани од обилните врнежи.
Во Македонија се упатени повеќе теренски возила и камиони со неопходна опрема и пумпи, како и дваесетина припадници на Секторот за вонредни ситуаци при српското МВР. Во катастрофалното невреме и поплавите што го зафати скопскиот регион викендот загинаа најмлаку 21 лице, десетина беа повредни, а над 1.000 лица се евакуирани. Во земјата вчера беше прогласен ден на жалост за жртвите од невремето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓаволот ја однесе шегата: Kилометарска колона на косовски Срби го блокираа излезот од северна Митровица
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи