Во Скопје почна уникатен гастрономски спектакл „Недела на ресторани“. Во наредните денови граѓаните и посетителите на Скопје ќе можат да уживаат во разновидни специјалитети приготвени во 50 ресторани.
Покрај традиционалната македонска кујна, ова е одлична можност за гурманите да експериментираат со различни типови кујни, како што е арапската, кинеската, италијанскатаa, медитеранскaта, шпанскaта и слично, и тоа по пристапна цена. Идејата е инспирирана по примерот на светските метрополи.
Овој настан трае една недела, односно до 12 мај. Во рестораните веќе има одличен одѕив и голем број резервации. Не пропуштајте је можноста да бидете дел од овој настан и да резервирате место во вашиот омилен ресторан.
Менијата составени од предјадење, главно јадење, десерт и чаша вино по единствена цена од 333 денари можете да ги разгледате на следниот линк: www.nedelanarestorani.mk. Целта е менијата со атрактивни цени да привлечат што поголем број посетители и да ја демонстрираат автентичноста и стилот на готвење на секој ресторан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст