„Алфа ромео 8Ц 2900Б лунго спајдер“ од 1939 година може да влезе во историјата како највреден автомобил на оваа италијанска марка.
Се проценува дека на претстојната аукција на класични автомобили овој модел ќе достигне цена од дури 25 милиони долари!
Иако „алфа ромео“ во моментов не е на своето некогашно ниво, марката со богата историја и сјајни резултати во производството на спортски и тркачки автомобили се обидува да ја поврати позицијата што своевремено ја имаше во автоиндустријата.
Во времето кога настанала, „алфа 8Ц 2900“ се сметала за еден од најнапредните спортски автомобили. Под хаубата се наоѓал мотор со осум цилиндри, со зафатнина од 2.905 кубни метри и со 180 коњски сили.
Примерокот што на 20 август ќе се најде на аукција во Монтереј, во Калифорнија, е произведен во 1939 година, но му се губи трагата во периодот до 1949 година кога е увезен од Италија во Бразил. Истата година, автомобилот го освоил првото место во трката на патеката „Интерлагос“.
Во следните неколку децении, на оваа „алфа“ се извршени големи модификации. Меѓу другото, шасијата на автомобилот е скратена за да може да се вгради нов мотор.
Возилото во седумдесеттите години од 20 век повторно го минало океанот и се вратило во Европа, а кон крајот на 90-тите години е извршена целосна реставрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст