| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна акција на македонските спортисти за помош на настраданите од невремето

струја

Македонските спортисти, кошаркари, фудбалери, ракометари, автомобилисти се приклучија со донации за настраданите во поплавите во Македонија што однесоа и жртви.

 Откако први се огласија фудбалерите кои средствата од повикот за квалификацискиот натпревар против Албанија во целост ќе ги донирани на погодените од катастрофалната поплава, нив ги следеа и останатите.
 Кошаркарската селекција на Македонија, која се подготвува за квалификациите за ЕП, веќе порача: „Ние дониравме, приклучете се и Вие“.
 Поддршката доаѓа и од македонските авто-клубови, кои ги поканија сите свои членови, но и воопшто граѓаните на Реапублика Македонија, да се придружат кон собирањето на основните потребни материјали.
 За таа цел, денеска тие ќе организираат и собирање на помошта пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 14 часот каде членовите од авто-клуовите очекуваат масовна поддршка поразчувајќи: ,,Се гледаме таму, а во меѓувреме, Ве потсетуваме да донирате за настраданите на телефонскиот број 143 400“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top