Гледајќи ги сликите од Скопје, капитенот на репрезентацијата Горан Пандев се реши да помогне со тоа што ќе организира акција во која што ќе помогне на најзогразените од поплавите. Како капитен на националниот тим ќе превземе мерки за помош на најкритичните места.
-Она што го видов е страшно. Сега е време за хуманост, да се помогне за поплавените региони. За неколку дена сум во Скопје и ќе покренам акција меѓу фудбалерите да се соберат средтсва за ова што се случи. Знам дека со ништо не може да се надоместат човечките животи, но барем можеме да придонесеме со средства на оние кои загубија премногу во овие тешки моменти. Ако можевме да бидеме хумани за вакви катастрофи во други држави, сега треба да бидеме пет пати повеќе за својата – најави капитенот од Италија.
Пандев заедно со селекторот Ангеловски и помошникот капитен Ванче Шиков ќе ја превземат целата акција за неколку дена кога ќе бидат сите собрани во Скопје за почетокот на квалификацискиот циклус за СП во Русија 2018.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.