| четврток, 6 декември 2018 |

Семејна драма која и го смени животот – славната пејачка жали за стореното

тони

Една од најпопуларните пејачкики на деведесетите години од минатиот век, Тони Брекстон, изјавила дека спаѓа во среќни родители, бидејќи нејзиниот помлад син го победил најконтраверзното пореметување на денешницата.

Имено 13 годишниот син на пејачката, на тригодишна возраст добил дијагноза кога имал три години, а ѕвездата своевремено изјавила дека Дизел е роден со аутизам, бидејќи таа порано абортирала, па Бог ја казнил.

-Знаев дека одзедов живот. Верував дека аутизмот на мојот син е божја казна – рекла тогаш Тони.

тони2

Меѓутоа Тони неодамна ја изненадила јавноста изјавувајќи дека Дизел успеал да се излечи.

-Раната дијагноза менува се. Нашите животи се сега поинакви. После 10 години вреден труд и учење можам да кажам дека Дизел е друштвено дете и дека е многу среќен – рекла Тони.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top