Вкупно 29 жители од населеното место Волково во општина Ѓорче Петров пријавиле оштетување на своите домови од поплавите што го зафати Скопје и околината викендов.
Жителите на Волково вечерва ги посети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митревски и неколку министри во Владата. Тој се интересираше какви оштетувања предизвика поплавата во овој дел и какви активности се преземени за санација.
Градоначалникот Митревски истакаа дека во најголем дел станува збор за оштетени подруми со потпорни ѕидови и покуќнина.
Според него, за целосно решавање на проблемот со надојдени води потребно е целосно да се заврши канализацијата во овој дел од општината за што ќе бидат потребни 1,5 милиони евра.
Тој посочи дека Владата веќе ги одобрила овие средства за доизградба на канализацијата, но оти со ребалансот на буџетот им биле одземени.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски посочи дека ребалансот на буџетот е последица токму на политичката криза поради што мора да бидат реалоцирани одредени средства.
По прашањето за доизградбата на канализацијата во Волково, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски рече дека средства за оваа намена ќе бидат обезбедени со буџетот за следната година.
Жителите на Волково побараа и да се асфалтираат повеќе улици во ова населено место.
Градоначалникот Митревски информира дека една улица е во план да се асфалтира заклучно со ноември..
Министерот Мисјаловски вети дека неколку улици ќе бидат асфалтирани наредната година за што ќе бидат предвидени средства за буџетот во следната година.
Дел од жителите изразија мислење дека со изградбата на обиколницата се соочуваат со проблем со атмосферските води и оти е потребно тоа да се реши.
Мисајловски инфомрираше дека на седница на Влада веќе се донесени одлуки во однос на обиколницата за нејзина рехабилитација и за изградба на ободен канал кој целосно ќе го реши проблемот со атмосферските води.
Инаку, во општина Ѓорче Петров од невремето оштетување на домовите имаат и жители во населбата Дексион, во Кисела Јабука и Стопански Двор.
Градоначалникот Митревски најави дека од утре општинска комисија ќе излезе на терен и ќе се изврши проценка на штетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст