Поп пејачката Тијана Дапчевиќ запрепастена е од последиците кои поплавите ги оставија во Македонија. -Главно страдаа околните села околу Скопје. Самиот град не е оштетен. Апелирам сите да помогнат колку можат на Македонија и загрозените, бидејќи илјадици луѓе останаа без своите домови, а многу се и евакуирани. Јас се вратив оттаму и можам да кажам дека беше морничаво тоа што се случи. Како да паѓаа кофи вода, а не дожд – рекла Тијана.
Таа откри дека стравува да не дојде до земјотрес.
-Тоа е она што најмногу ме загрижува.1963 во неколку секунди цело Скопје беше срамнето со земја – рекла Тијана.
Таа додала дека нејзиното семејство нема штета, но дека стравува од натамошната ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.