| четврток, 6 декември 2018 |

Пункт за помош на настраданите во поплавите во „Скопје сити мол“

punkt

Од денес во „Скопје сити мол“ ќе биде поставен пункт за собирање помош за настаданите во стравичните поплави кои викендов го зафатија Скопје и однесоа повеќе од 20 жртви. Пунктот ќе биде отворен денес во 15 часот и ќе работи до 22 часот, а утре и останатите денови ќе функционира секој ден од 10 до 22 часот.

Пунктот е лоциран на самиот влез на трговскиот центар од страната на ул. МАНАПО (Карпош 3). Исто така, активен е и бројот 143 – 400 на кој може да донирате 100 денари.

Листа на потребни работи: конзервирана храна, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, алати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top