| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Здружението на банкарството при СКМ апелира до банките да се вклучат во доставата на хуманитарна помош

thumb.large.kosta_mitrovski_

Претседателот на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, Коста Митровски, ги повика банките во државата да се вклучат во акцијата за собирање хуманитарна помош за настраданите од катастрофалната поплава. Во апелот испратен од Митровски се вели:

Во својство на Претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, упатувам јавен апел до Банките да се вклучат во достава на хуманитарна помош за жителите од настраданите подрачја од поплавите во градот Скопје, во вода храна, хигенски средства и слично.

УНИБанка утре ќе донира вода за пиење во количина од 24.000 литри ( шлепер вода)  во загозените подрачја и во кординација со кризниот штаб ќе ја распредели водата  според нивниот план.

Во име на вработените од УНИБанка како Главен Извршен директор и Претседател на Управниот одбор, сакам да изразам сочуство до семјствата кои ги загубија своите најмили во полавите што го зафатија Скопје.

Сочуството го упатувам и од името на сите Банки во својство на Претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top