Велат дека кога вистински ќе се вљубиш тогаш не важат никакви правила. Сепак за да не се разочарате уште при првиот состанок или месец од вашата врска, применте ги мерките на паметните девојки пред да се впуштите опиумот на љубовта. Еве дел од нив:
Не спијте со него пред да се врзе
Најлесниот начин да заклучите колку е сериозен е да видите колку долго е подготвен да ве чека. Ако е заинтересиран само за секс, веројатно нема да ве чека долго. Секако дека постојат вистински професионалци во играва кои ќе чекаат ако треба и месеци, за на крај пак да почнат да ве игнорираат откако ќе спиете со нив. Затоа ова правило треба да го искомбинирате со следните 4 и да го пронајдете најмалиот заеднички содржател.
Обрнете внимание на неговите дела, а не зборови
Момците се подготвени да ви изнакажат 300 работи кога ќе ве запознаат. Повеќето се силни на зборови, но не и на дела. Не земајте сѐ што ќе ви кажат здраво за готово, додека не најдете докази кои можат да ги поддржат нивните зборови. Запаметете дека многу поважно е како тие ја покажуваат нивната љубов, а не што велат за неа.
Направете истражување
Нема ништо лошо во „душкањето“ наоколу, сѐ додека е со добра намера. Паметните жени ги користат триковите на социјалните мрежи за да откријат што е можно повеќе информации за нивниот потенцијален партнер. Нормално дека ова не треба да ви премине во опсесија, но треба да се запрашате ако тој става лајкови на десетици девојки во денот, а ви тврди дека досега ѝ нема пишано на ниту една друга на Фејсбук освен на вас, затоа што вие сте биле „посебни“.
Поставувајте тешки прашања
Паметните девојки не се плашат дали момчето ќе побегне ако почнат да се распрашуваат. Тој го сака вашето време и труд, така што морате да бидете сигурни дека е вреден за тоа. Прашајте го како се чувствува во врска со нештата кои ви значат и за кратко време ќе знаете дали сте на исто ниво или не. На паметното момче не би требало да му биде проблем да ви ги даде сите потребни одговори.
Бидете сигурни дека си одговарате
Морате да бидете на исто ниво со вашите романтични избори. Нема поента во тоа да започнете врска, доколку не ги сакате истите работи. Зошто да се преправате дека си одговарате кога веќе гледате некои значајни разлики меѓу вас двајца? Не треба да трошите време во запознавање некого со кого воопшто нема логика да се гледате. Бидете реалистични уште од самиот почеток и поштедете се од болката која може да ве посети подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст