Хуан Мартин дел Потро го елиминира светскит рекет број еден уште во првото коло на тенискиот турнир во поединечна конкуренција.
Во мечот, кој траеше два часа и 21 минута, Аргентинецот го победи Ѓоковиќ во два сета, и тоа двапати во тај-брејк со 7:6 добивајќи го првиот со 7:4, а вториот со 7:2 на поени.
Најголема причина за поразот е повредата на зглобот на десната рака која го мачи Србинот неколку месеци, а се активирала непосредно пред турнирот во Рио.
-Морав да се приспособам, да правам промени во движењата и во играта. Од бекхенд страната не можев често да ја удирам топката. Не сакам да плачам, но тажно е – објасни Ѓоковиќ.
Србинот со солзи во очите го напушти теренот по поразот, свесен дека Дел Потро е тенисерот кој е нерешива енигма за него на Олимписките игри, откако и пред четири години во Лондон го загуби натпреварот за бронзениот медал токму од Аргентинецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст