| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Бутел формираше тело за отстранување на штетите од поплавите

poplava-skopje

Посебно тело за отсранување на штетите и последиците од поплавите во Општина Бутел синоќа било формирано на состанок со кризниот штаб на општината, соопштија од општин Бутел.

– Веднаш се известени вработените, а набрзо е активирана и градежна механизација на најкритичните точки во општината. Приоритетно беше оспособувањето на патниот правец Радишани –Љубанци, како и сообраќајниците во населените места: Жегроец, Љуботенски пат и Раштански пат, се наведува во соопштението. Во текот на вчерашниот ден во соработка со ЈП Водовод и Канализација била обезбедена цистерна за испумпување вода од поплавените куќи во Жегроец и Бутел. Денеска, механизацијата ќе биде ангажирана во Љуботен и Раштански пат за расчистување на последиците од поплавата.

Од Општината апелираат до граѓаните од општина Бутел, кои се погодени од невремето на кој било начин и им е потребна помош да се јават кај следниве лица за контакт од општина Бутел: Слободан Невенов ( 075 442-103), Ивица Тодоровски (071 238-998), Снежана Клинчарова (076 438-721) и Сузана Мартиновска (076 404-588).

Граѓаните на општина Бутел кои сакаат да им помогнат на настраданите во поплавите на територијата на град Скопје, своите средства да ги уплатат на следнава жиро сметка на Комерцијална банка: ЖС. 300000001327966 – Комерцијална Банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top