| четврток, 6 декември 2018 |

Бремена жена дел од сообраќајката – пожарникарите го сечеа автомобилот да ја извлечат

Кавадаречки пожарникари утрово со ножици сечеа автомобил по сообраќајка, за да спасат бремена жена. Како што информираше Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци, кој бил на местото, при директен судир на две возила, биле повредени двете сопатнички, пренесува „Дневник’.

Со две возила биле пренесени до општата болница во Кавадарци. Едната била потешко повредена а другата била бремена и во постабилна состојба, но повеќе се плашела за детето во утробата. Едното од возилата било од неготинското село Тимјаник. Патот бил влажен.

Според информацијата од Анита Стојковска, портпаролката на СВР Велес, две лица се повредени во сообраќајка што се случила на патот Градско-Кавадарци  утрово околу 7,30 часот.  Кај месноста Варниште,  случена е сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобила.

-Првичните информации се дека две лица се пренесени заради укажување лекарска помош. Увидот е во тек, сообраќајот во двата правци е во прекин – рече Стојковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top