| четврток, 6 декември 2018 |

До кога ќе имаме нестабилно и дождливо време

Уште во раните утрински часови продолжи состојбата со нестабилното време, овој пат позастапено во источниот регион, локално, информира „Метеопро“.

Попладне нестабилноста ќе биде полокализирана, со услови за почести врнежи во западната половина, односно повеќе во југозападниот крај.

Вечерта ќе донесе одредено „смирување“ на атмосферата.

Повторно ќе биде запурно. Максималната температура ќе има вредности меѓу 28 и 31 Целзиусови степени во најголем дел од земјата, односно околу 33 степени на југоисток.

Во скопската околина се очекува облачно време наутро, со услови за повремен дожд, а попладне е можна краткотрајна нестабилност. Температурата ќе достигне максимални 30 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top