| четврток, 6 декември 2018 |

Асанж: Изборот меѓу Трамп и Клинтон е како избор меѓу колера и гонореја

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, се обрати преку видеолинк до учесниците на конвенцијата на американската Зелена партија во Хјустон и изјави дека изборот меѓу Доналд Трамп и Хилари Клинтон е како избор меѓу колера и гонореја.

Асанж изјави дека често го прашуваат кој претседателски кандидат му се допаѓа повеќе.

– Ова е како да ме прашувате дали повеќе сакам колера или гонореја, истакна во саботата Асанж, кој се наоѓа во Амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година.

Асанж ја критикуваше и американската федерална влада, како и претседателот Барак Обама поради уништување на вработените во федералните служби, од кои истекуваат некои информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top