Триесет лица загинаа, а десетици се повредени денеска при бомбашки напад на болница во пакистанскиот град Квета, соопшти полицијата.
Експлозијата се случила веднаш откако во здравствената установа било донесено телото на адвокатот Билал Каси, претседател на адвокатското здружение во провинцијата Белуџистан, кој бил застрелан претходно во друг напад. Пред болницата се наоѓале многу луѓе, кои пристигнале да изразат сочувство за убиениот колега.
Засега никој нема преземено одговорност за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.