| четврток, 6 декември 2018 |

Судир на патот Градско – Кавадарци – сообраќајот во прекин

Две лица се повредени изутринава околу 7.30 часот во сообраќајна несреќа која се случи на патот Градско – Кавадарци. Сообраќајот е во прекин во двата правци.

Како што информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, кај местото познато како Варниште, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобила.

– Првичните информации се дека две лица се пренесени во Здравствен дом -Кавадарци заради укажување лекарска помош. Увидот е во тек. Сообраќајот во двата правци е во прекин – соопшти Стојковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top