| четврток, 6 декември 2018 |

Поради дожд пренасочен сообраќајот на автопатот Гостивар – Тетово – Скопје

dozd

Поради обилни врнежи од дожд утринава патничкиот сообраќај на автопатот Гостивар – Тетово – Скопје, поточно од клучката Југ е пренасочен преку тетовското градско подрачје до клучката Север.

Поради невремето што го зафати скопскиот регион од саботата е во прекин и сообраќајот по скопската обиколница од клучката Хиподром до клучката Сарај.

На другите државни патишта сообраќајот се одвива без забрани, по влажни коловози.

Авионскиот сообраќај во земјава се одвива нормално по утврдениот возен лет. Досега, според информациите објавени на веб-страницата на скопскиот аеродром, се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top