| четврток, 6 декември 2018 |

Цел свет се обидува да ја реши оваа порака – Сноуден прати твит во шифри и исчезна

сноу

Во петокот вечер Едвард Сноуден на својот Твитер профил напиша кодирана порака од 64 знака, а денеска објави мистериозно предупредување во кое пишува „Време е“.

Пораката брзо е избришана. Се шпекулира дека оваа порака на Сноуден би можела да биде клуч за дешифрирање на големото протекување документи или прекинувач кој е наместен да реагира доколку  тој биде убиен или заробен.

Шифрираната порака од 64 знаци веројатно претставува алгоритам кој се користи за потпис за документи или како лозинка.

Прекинувач е порака која е наместена автоматски да се прати доколку корисникот на налогот редовно не се логира на својот профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top