| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ги посети најкритичните точки во Скопско

Превртени, заглавени и оштетени возила, целосно уништен род, наноси земја и свлечишта по патиштата, е сликата во најкритичните точки близу скопската обиколница кои беа најпогодени од синоќешното невреме.

Увид во состојбите попладнево направи претседателот на државата и врховен командант Ѓорѓе Иванов, придружуван од скопскиот градоначалник Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, како и претставници на АРМ и полицијата.

Тие го информираа дека најевидентни се штетите во Стајковци и Црешово, каде е во прекин и дел од обиколницата.

Претседстелот Иванов изрази сочувство и жалење за жрвите од невремето, како и за повредените. Тој информира дека на терен се 400 припадници на АРМ и 300 полицајци кои поделени по региони му помагаат на локалното население. Иванов апелира граѓаните да помогнат и на веќе отворени пунктови да донираат вода, храна…

– Досега ваква непогода не се случила. Штетите се огромнини, но тие ќе се надоместат, а изгубените животи не може да се вратат. На најпогодените места каде моментно се наоѓаме, уништени се многу домови, како и инфраструктура, изјави Иванов.

Според претседателот, кризниот менаџмент е активиран, надлежните се на терен, а Владата заседава.

Иванов ја посети и населбата Сингелиќ по што продолжи во останатите најкритични точки од овој регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top