Ноќеска околу 02,30 часот во Струга на ул.„Нико Нестор“ во непосредна близина на казино дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу лицата М.И. (19) и Д.Ш. (37), двајцата од с.Радолишта-струшко.
Истите започнале расправија во казиното, по што ја продолжиле надвор од објектот. Во еден момент Д.Ш. со нож го прободел И.М. во пределот на левата страна од телото, а потоа го напуштил местото на настанот.
Од страна на екипа од итна медицинска помош, И.М. бил пренесен во МЦ-Струга, каде му била констатирана тешка телесна повреда и истиот бил задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст