Патот Шипковица – Бродец е делумно отворен за сообраќај за итни случаи, а екипите на терен работат на негово целосно расчистување и нормализрање на сообраќајот, информираше раководителот на Територијалната
противпожарна единица Тетово Ука Алити. Активностите за расчистување започнаа веднаш откако вчера попладне како последица на врнежите што ја зафатија Шар Планина и околината свлечиште со карпи, кал, дрвја и друго затрупа околу триста метри од патот ШипковицаБродец поради што Бродец, Вешала и Бозовце беа отсечени. На самото место со потребната механизација интервенираа екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, Македонија пат како и локалната самоуправа од Тетово. Интервенција имало и за чистење на коритото од реката во селото Голема Речица.
Во невремето во тетовско нема жртви и нема пријавена штета на имотите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


