Благодарение на брзата интервенција голем број од граѓаните се спасени. Во овој момент приоритет е заедно со институциите, координирано да дадеме прва помош на оние граѓани на кои тоа им е најнеопходно, истакна градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
-Апелирам, граѓаните онаму каде што нема големи штети да се воздржат. Имаме побарување од цела општина Гази Баба за механизација и пумпи. Може да направат дојава до нас, но планот ќе се направи заедно со кризниот штаб затоа што треба да се даде приоритет онаму каде се во прашање човечките животи. Во моментов веќе се формирани два пункта- едниот е дистрибутивен пункт до ОУ „25 Мај“ каде ќе се собира вода, храна, ќебиња и сето она што им е потребно на граѓаните. Оттука ќе се дистрибуира до одговорните лица. Вториот е прифатен пункт во ОУ „Наум Наумовски Борче“. Апелот е до граѓаните кои сметаат дека треба да има дадеме помош во прифаќање, да се јават во Црвениот крст или доколку може да дојдат во училиштето, потенцираше Трајковски.
Неколку луѓе веќе се сместени во училиштето и ќе ја следиме нивната состојба.
Голем број компании помогнале со механизација и давање на продукти, а Трајковски упати апел и до сите хумани луѓе.
-Сите луѓе, компании, градежни фирми кои може да помогнат во овој период најнеопходна ни е механизација, доколку можат дел од неа да ни отстапат за работа на терен, а неопходна е донација во вода, во храна. Обезбедивме голема количина, но веруваме дека ова нема да може веднаш се да се санира ќе бидат потребни поголеми количини на средства за хигиена, храна и вода, посочи Трајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст