Светот изминативе години се соочува со голем број поплави во кои има голем број на жртви. Покрај ненадоместливата загуба на човечките животи, причинета е и огромна материјална штета. Илјадници лица се евакуираат, домови се поплавуваат.
Во поплавите пред две години кои го зафатија регионот животот го загубија десетици лица. Во Србија по силното невреме кое траеше неколку дена загинаа 51 лице, а околу 30 животот го загубија во Босна и Херцеговина. Илјадници лица беа евакуирани, домови и патишта уништени, прогласена беше вонредна состојба. Според тогашните изјави на метеоролозите во Србија тоа биле најголемите поплави во период од 120 години кога за три дена паднало толкаво количество дожд колку за три месеци.
Најмалку 10 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројни дождови во Бугарија во 2014 година. Помал број загинати лица имаше и во поплавите кои ги зафатија Словенија и Хрватска.
Во поплавите кои пред седум години ја зафатија централна Европа, најмалку 9 лица загинаа во Чешка. Во минатогодишните поплави во јужна Франција животот го загубија 12 лица.
Франција ја погодија најобилни поплави во последните три децении, што предизвика изливање на Сена оваа година. Најмалку 18 лица загинаа во поплавите што по обилните дождови ги погодија Германија, Франција, Белгија и Романија.
Во минатогодишните поплави во Јута, САД животот го загубија најмалку 20 лица, додека во јуни годинава 24 лица загинаа во во областите погодени со полавите во Западна Вирџинија. Американскиот претседател Барак Обама прогласи состојба на природна катастрофа во овие области. Без струја останаа повеќе од 24.000 домаќинства, а голем број лица без исчезнати.
Пред три дена најмалку 76 лица загинаа и илјадници домови се уништени во поплавите кои по обилните дождови го погодија Судан. Водостојот на Нил е на највисоко ниво во последната деценија.
Најмногу е погодена источната провинција Касала, каде се уништени 3.206 куќи и оштетени 3.048 домови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст