Кошаркарскиот „дрим тим“ на САД синоќа го имаше својот прв настап на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро. И покажаа Дурант, Џорџ, Ирвинг, Ентони и останатите дека наликуваат на „вонземјани“ кога играат со „остатокот од светот“. Први настрадаа Кинезите, кои беа поразени со 119-62.
Уште по првиот период беше јасно дека Американците ќе слават убедливо, а тоа го најавија со 30-10 во воведните десет минути. На полувреме „дрим тимот“ замина со предност од 29 поени разлика (59-30), а во вториот дел ја зголеми речиси двојно.
Најефикасен во американската кошаркарска репрезентација беше Кевин Дурант со 25 поени, а исто толку кај Кинезите уфрли Ји.
Во последниот натпревар од групата Србија успеа да слави лесна победа над Венецуела со 86-62. Избраниците на селекторот Ѓорѓевиќ победата ја обезбедија уште во првото полувреме кога на направија и клучната разлика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.