| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружен човек се забарикадира во ресторан, полицијата на готовс

Вооружен маж облиен со крв се забарикадира во ресторанот „Дубровник“ во германскиот град Сарбрикен.

Германска анти-терористичка единица се подготвува да влезе во зградата во која се наоѓа ресторанот.

Според засега неофицијални информации, вооружениот маж веројатно има психички проблеми. Неговиот идентитет и мотивите уште се непознати.

Германските медиуми јавуваат дека напаѓачот ги избркал вработените од ресторанот и дека не земал заложници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top