Најпознатиот светски параолимпиец, Оскар Писториус, се наоѓа во стабилна состојба по обидот за самоубиство што го извршил во затворот во Преторија.
Писториус неодамна беше осуден на шест години затвор поради убиство на својата девојка Ревиа Стенкамп. Неговите адвокати веќе вложија жалби, но атлетичарот очигледно тешко се справува со животот зад решетки, па синоќа се обидел и да си го одземе животот.
Официјалните лица од затворот во Преторија потврдија дека Писториус е пренесен во болница, но не сакаа да откријат детали околу повредите. Медиумите сепак откриваат дека станува збор за обид за самоубиство, со оглед на исечениците на двете раце, повреди со кои е примен во болницата во Преторија. Неофицијално, во келијата на Оскар бил пронајден и жилет, што бил доволен доказ дека станува збор за обид за самоубиство.
Јужноафриканските медиуми информираат дека повредите на Оскар Писториус биле санирани, по што тој експресно бил вратен во затворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


