12 тима на Брза помош по полноќ интервенирале за повредени луѓе по невремето што го зафати Скопје. Според информациите на лекарите укажана им е помош на стотина повредени, пацинтите се со скршеници и набиеници и посекотини. Спасувачките екипи успеале да спасат и затрупана жена, која за среќа според информациите на лекарите е со полесни повреди. Во Ургентниот центар било донесено и мртво осум годишно дете, на кое лекарите за жал само му констатирале смрт. Екипи на Брзата помош, МВР и АРМ како и екипи на центарот за управување со кризи се на терен и работат на расчистување на пустошот што го остави невремето. Според офицјалните информации од МВР досега се пријавени и шест исчезнати лица, по кои се трага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


