| четврток, 6 декември 2018 |

Под мотото „Големата средба на демократијата“ денеска голем митинг во Истанбул

Истанбул се подготвува за голем митинг, кој ќе се одржи денеска на плоштадот „Јеникап“.

На заеднички митинг ќе се појават лидерите и симпатизерите на сите политички партии во турскиот Парламент, кои беа силно разединети пред обидот за државен удар на 15 јули.

Митингот ќе биде финалниот од серијата секојдневни протсти за „заштита на демократијата“, кои почнаа по повикот на шефот на државата, Реџеп Таип Ердоган.

„Големата средба на демократијата“ е мотото на митингот, а според организаторот, целта е да се соберат сите оние кои ја сакаат демократијата и воедно да се оддаде почит на 250 луѓе кои херојски загинаа, во отпорот против пучот.

Митингот е свикан по иницијатива на владејачката Партија на правдата и развојот на претседателот Ердоган, кој лично ги покани лидерите на главната опозициска Народнорепубликанска партија, Кемал Калачдароглу и на
Партијата за националистичка акција, Девлет Бахчели да учествуваат и да се обратат пред насобраниот народ. Двајцата опозициски лидери, како и раководството на прокурдската Демократска партија на народите се присоединија кон декларацијата на владејачката партија, во која беше осуден обидот за преврат и се заштитува легалната власт.

Опозиционите лидери, исто така побараа од своите поддржувачи, на митингот да носат само национални знамиња и да дојдат без партиски симболи.

Ердоган најави дека огромни 81 лед -екрани ќе бидат поставени на централните плоштади во сите 81 округ на
Турција, каде во живо ќе се пренесува митингот. Повеќе од 13.000 полицајци ќе го обезбедуваат митингот. Од соседните градови и села ќе пристигнат десетици автобуси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top