| четврток, 6 декември 2018 |

Санација на патот Шипковица – Бродец, затрупан од невремето

Триста метри од патот Шипковица ­ Бродец е затрупан од наноси на камења, кал и вода по свлечиштето предизвикано од големите врнежи од дожд проследени со грмотевици и силен ветр што вчера попладне го зафатија реонот на Шар Планина и околината.

Наносите причиниле и дупка од десеттина метри на патот. Поради ова отсечени се селата Бродец, Вешала и Бозовце. На самото место веднаш по добиените информации за оваа состојба со потребната механизација излегле екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, „Македонија пат“, како и локалната самоуправа од Тетово со
територијалната противпожарна бригада. Ивица Наумовски од Дирекцијата за заштита и спасување изјави дека го санираат патот за да се овозможи движење за луѓе, бидејќи голем дел од иселениците што се дојдени да ги посетат своите роднини се во селата Бозовце, Вешала и Бродец.

Се очекува денеска патот да биде прооден само за пешаци, меѓутоа тоа ќе зависи од времето зашто се очекуваат нови врнежи.

Според градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи габаритот на невремето
не е со интензитетот од минатата година.
­
Има посебни места кои и се предвидени со проекцијата што ја имаме и студијата на УНДП каде навистина треба да се интервенира темелно и едно од тие места е токму ова свлечиште на патот Шипковица ­ Бродец, рече вчера Арифи.
­
Знаејќи од минатата година, сега сме подготвени и не смее да не изненади ништо. Ние сме мобилизирани со целиот потенцијал што го имаме и човечки и материјален и машинерија со кои располагаме, изјави Раководителот на територијалната противпожарна бригада Ука Алити.

Невремето што доаѓа точно по една година од драстично поголема природна непогода
од август минатата година за среќа не предизвика повторување на катастрофалните

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top