| четврток, 6 декември 2018 |

Неофицијално: Природната катастрофа зеде 15 жртви, на ургентен почина осум годишно дете

Природната катастрофа и најголемите и најобилни врнежи кои досега се забележани во Скопје веројатно имаат трагични последици и резултираат со загуба на човечки жртви. Неофицијално животот во невремето го загубиле 15 луѓе, а во Ургентниот Центар во Скопје се примени 11 тешко повредени, од кои и осум годишно дете кое и покрај обидите на лекарите не успеало да се избори со повредите и починало.

Од обилните врнежи кои синоќа паѓаа интензивно подолг период буквално се создаваа реки кои носеа се пред себе во околината на Скопје.

Силата на ударот на природната непогода бил толку силен што десетици возила зафатени од невремето буквално биле истуркани од водниот бран и пловеле дури и по неколку стотици метри.

Невремето корнеше и дрва и предизвикуваше свлечишта, одрони на повеќе локации низ Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top