И покрај првичните информации дека концертот ќе се одржи, на својата фејсбук страница „Охридско лето“ објави дека концертот на џез виртуозот Артуро Сандовал сепак се откажува.
„Со огромно жалење Ве известуваме дека поради невремето вечерашниот концерт на Артуро Сандовал и покрај сите обиди, мораше да биде откажан. Се вложуваат сите напори за да не бидеме ускратени од овој ексклузивен концерт и истиот дополнително да се одржи. Ве молиме за трпение, а во најскоро време ќе Ве известиме дали истиот ќе се одржи дополнително и секако за опцијата да бидат вратени билетите. Се работи за елементарна непогода, па Ве молиме за разбирање и однапред Ви благодариме“, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


