| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ја активираше АРМ за помош во справувањето со поплавите

По повод невремето што ја зафати Република Македонија и особено скопскиот регион, Претседателот на РМ и врховен командант Ѓорге Иванов ја задолжи армијата на РМ да ги стави сите расположливи капацитети на располагање со цел да се помогне во санирањето на штетите предизвикани од невремето.
Одговорни лица од АРМ во координација со формираните кризни штабови веќе упатиле дел од своите единици на местата кои се сметаат за најкритични во моментот и истите се вклучени активно во помош на загрозените граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top