| четврток, 6 декември 2018 |

Целосна суспензија на Русија од параолимписките игри?!

ruski olimpiski komitet

Интернационалниот параолимписки комитет (ИПЦ) ќе донесе одлука за целосна суспензија на Русија од Параолимпијадата во Рио, објавуваат британските медиуми

Ова доаѓа по извештајот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА), подготвена од канадскиот професор Ричард Мекларен, во кој се обвинува за државен допинг. ИПЦ треба официјално да го потврди ова на прес-конференција во недела.

Претставници на ИПЦ се сретнаа со руските претставници во Бон, Германија, да ги слушнат последните аргументи, но по тричасовниот состанок заклучокот е дека Русија ќе биде суспендирана. Покрај 35-те „исчезнати“ позитивни тестови на руски параолимпијци од 2012 до 2015 година, извештајот на ВАДА тврди дека на Параолимпијадата во Сочи, каде што Русија освои тројно повеќе медали од било која друга земја, биле заменувани сите примероци на крвта.

ИОЦ не се реши на ваков потег пред Олимпијадата во Рио, дозволувајќи на 271 спортист од предвидените 380 да настапат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top