| четврток, 6 декември 2018 |

Им помагал на повредени од сообраќајка – Македонец загина на патиштата во Србија

Четириесет и четиригодишен државјанин на Македонија, со живеалиште во Германија, утрово загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 4:50 на автопатот Белград – Ниш, кај Алексинац. Тој загинал кога излегол да им помогне на луѓето повредени во друга сообраќајна несреќа.

На трагедијата во која страдаше Македонецот, претходела сообраќајна несреќа која предизвикал возач на „пежо 508“, исто така со германски регистарски таблички. Тој движејќи се од Ниш накај Белград, во близина на бензиска пумпа, најверојатно поради тоа што се успал, удрил во заштитната ограда, пренесува српски „Телеграф“.

Македонецот кој се движел позади „пежото“, ја видел несреќата и истрчал да помогне. Меѓутоа на него налетал „мерцедес“ со унгарски регистарски таблички и го усмртил на лице место.

На местото на несреќата излегла сообраќајната полиција и основен јавен обвинител од Алексинац, кои направиле увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top