Во заеднича акција на италијанската, словенечката и унгарската полиција разбиена е мрежа за шверц на илегални мигранти преку Балканот до Италија.
Како што соопшти италијанската полиција, пра акцијата се уапсени четири лица – две во северна Италија, едно во Будимпешта и едно во словенечкиот град Марибор, кои се обвинети за „злосторничко здружување и за поттикнување на илегална миграција“.
Уапсените, според полицијата, биле дел од „транснационална криминална група“, која ја сочинувале лица по потекло од Пакистан, кои живеле во италијанскиот град Милано.
Групата организирала илегален превоз на мигранти од Пакистан, Бангладеш и Авганистан, преку Блаканот и Унгарија, главно до Италија, но и до други земји во северна Европа.
Во полициското соопштение се наведува дека групата од оваа криминална активност заработила околу половина милион евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти