– Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 18 години) вечер во натпревар за пласман од 13-16 место на Европското првенство Б дивизија што се игра во Скопје ќе игра против селекцијата на Исланд.
По вчерашниот минимален пораз од Белорусија (82:83), за нашите играчи денешниот дуел е нова шанса да се постигне третата победа на шампионатот. Со победа Македонија утре ќе игра за 13. место, а евентуален пораз ќе значи натпревар за 15. место.
Почетокот на дуелот е во 18:45 часот и се игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.
Во полуфиналните натпревари што се играат во СЦ „Борис Трајковски“ ќе играат: Унгарија – Украина (почеток 18:45 часот) и Црна Гора – Словачка (почеток 21 часот).
Во двете сали, како и во СРЦ „Кале“ (мала сала), се играат и другите дуели за пласман на овој шампионат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.