Според едно истражување, лицата што водат љубов веднаш штом ќе се разбудат се поздрави и посреќни, а доброто расположение им е гарантирано во текот на целиот ден. Освен тоа, утринскиот секс го подобрува квалитетот на косата, кожата и ноктите.
– Сексот во утринските часови го ослободува т.н. хормон на љубовта – окситоцин, поради што двојките чувствуваат љубов и поврзаност во текот на целиот ден – вели докторката Деби Хаберник.
Хаберник е автор на книгатаво која пишува за придобивките од утринскиот секс.
– Ве прави посилнии поубави. Утринскиот секс може да го зајакне вашиот имунолошки систем за само еден ден затоа што го зголемува нивото на антитела што не штитат од инфекции. Исто така го зголемува нивото на естроген со што се подобрува тонусот и структурата на кожата и косата – тврди таа.
Истражувањето на Универзитетот „Квинс“ во Белфаст открило дека водењето љубов трипати неделни може за да го намали ризикот од срцев или од мозочен удар за 50 отсто.
Истражувањата на Универзитетот „Нотингам“, пак, покажало дека мажите што имале редовен секс во 50-тите години имаат помали шанси за развој на рак на простатата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исклучените од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за одземање на пратеничкиот имунитет на Груевски
-
Oслабен ви е имунитетот? Еве што треба да јадете!
-
Пратеник може да биде приведен, за притвор и одземање на имунитетот решава Собранието
-
Tајна за детски имунитет: „Не ги лекувајте со чудотворни лекови, туку со ова“


