Најмалку 12 луѓе се убиени, а 15 се ранети кога напаѓачите кои носеле воени униформи почнале да пукаат на преполн пазар во индиската држава Асам, јавуваат странските медиуми.
Полициските официјални лица наведуваат дека нападот го извеле шест бунтовници кои фрлале бомби на пазарот и пукале.
Агенциите пренесуваат дека еден од напаѓачите е убиен и дека е во тек потрага на безбедносните сили по останатите.
Во нападот се оштетени и неколку куќи и продавници.
Полицијата верува дека за нападот е одговорна фракцијата на Националниот демократски фронт која се залага за одвојување на едниот дел на Асам и создавање на независна држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.